Играчот на Барса во несекојдневна ситуација: Ќе го освои Купот без оглед на исходот во финалето

Барселона и Валенсија на 25. мај играат за трофејот од Кралскиот Куп! Всушност играат сите освен Џејсон Муриљо, бидејќи тој е единствениот кој секако ќе добие медал без оглед на исходот на мечот..

Колумбискиот дефанзивец во јануари пристигна во Барселона на позајмица токму од Валенсија, а со оглед на тоа дека за „Лилјаците“ одигра 90 минути на стартот од Купот против Ебро, а потоа за Каталонците ги одигра сите 180 минути во двомечот со Леванте, Муриљо го исполни условот да му се припише трофејот во двете варијанти.

Иако тој оваа сезона одигра само пет натпревари, но од тие пет дури три во Кралскиот куп. Барем тој во финалето ќе игра без притисок…


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top