Играше за Барса, му даде „петарда“ на Реал, од денеска е член на хрватски Славен!

Пред една деценија Жефрен Суарес беше меѓу најголемите таленти на Барселона, во првиот тим дебитираше со 20 години, во генерацијата на Жорди Алба и Серхио Бускетс, но остана на тоа..

Негов најславен момент е голот против Реал во фамозната „манита“ на Барса кога тренер на мадридскиот гигант беше Жозе Мурињо. Но, оттогаш неговата кариера тргна во надолна линија. Преку Спортинг Лисабон, Ваљадолид, до Еупен, Грасхоперс, АЕК Ларнака, до Славен Белупо за кого потпиша денеска.

Во младинските категории настапуваше за шпанската репрезентација, кога не успеа да влезе во сениорската селекција на оваа земја, одлучи да заигра за родната Венецуела, но и таму не се прослави бидејќи одигра само четири натпревари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top