IGTV - нова функција на Инстаграм

Социјалните мрежи се дел од нашиот живот, што значи дека тие мора да се развиваат. Ова е токму она што го прави Instagram, а социјалната мрежа може да се пофали дека веќе има над 1 милијарда корисници..

Брзото темпо, со кое се развива, подразбира додавање на нови
функции. Токму ова е веќе достапно во Instagram, но не се работи за спектакуларни филтри, туку за телевизија.

Но, ние не треба да замислуваме телевизиски канал, туку функција која ни дава
можност да гледаме подолги видеа. Ова нè потсетува многу на YouTube и очигледно ќе се обиде да одземе од корисниците на платформата за споделување на видео.

Апликацијата се нарекува „IGTV“ и веќе фигурира во Instagram, но може да биде симната и одделно. Тоа ни овозможува да гледаме долги видеа вертикално, без да мора да го вртиме уредот. Максималната должина на клиповите е еден час.

Кога ќе го притиснете копчето, видеата почнуваат да се репродуцираат автоматски и се групирани според делови: „For You“, „Following”, „Popular“, и „Continue Watching“.

Најдоброто од сè, засега, е дека социјалната мрежа не планира да прикажува реклами во новата функција.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top