Игуаин му открил на Сари зошто не му оди најдобро во Премиер лигата

Гонзало Игуаин оваа зима пристигна во Челзи..

Аргентинецот од Јувентус замина на позајмица во Милан, а откако го одигра првиот дел од сезоната, одлучи да ги напушти „Росонерите“ и да замине на позајмица во Челзи до крајот на сезоната.

Игуаин пристигна во клубот кој го води Маурицио Сари со кој одлично соработуваше во сезоната 2015/16 во Наполи кога постигна 36 гола.

Многумина мислеа дека повторната средба на Сари и Игуаин можеби ќе донесе нешто слично, но се излажаа. Аргентинецот постигна само три гола во десет одиграни меча за Челзи и тоа против најлошите екипи во Премиер лигата, Фулам и Хадерсфилд.

„Игуаин ми кажа дека е многу тешко за него тука бидејќи играчите од одбраната играат многу цврсто и се доста физички посилни“, изјави Сари за „Скај Спорт“.

„Судиите тука се многу поразлични од Италија, па тоа за него е еден нов фудбал, особено за напаѓач и за голман, тоа е многу различно“.

„Мислам дека му треба време, но ние немаме време. Ни треба на највисоко ниво во последните два месеци“, заклучи Сари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top