Икарди ја презеде судбината во свои раце, Аргентинецот го тужи Интер!

Нема решение за Мауро Икарди..

Одби да оди било каде, сега не сака ни во Јувентус, поранешниот капитен ќе се бори за своите права на суд.

Неговите адвокати подготвуваат тужба, бараат тој да биде вратен во екипата и да биде максимално инволвиран во тренинзите, а тоа значи и во тактичкиот дел од подготовките, но и да му бидат исплатени 1,5 милиони евра како обештетување за сето она што се случуваше.

Него му беше одземена капитенската лента во текот на минатата сезона, летово му беше порачано дека клубот не смета на него, а забрането му е да присуствува на тактичките тренинзи, па така кон крајот на секоја недела, пред натпреварите, мора да тренира сам.

Од друга страна, синоќа беше единствениот од играчите кои не беа повикани на заедничката вечера, а состанокот со претседателот Жанг пропадна, бидејќи одби да ја прифати понудата од Монако каде би заработувал 6 милиони евра повеќе од она во Интер.

Очигледно Аргентинецот нема да се предаде, во случај да го добие спорот, сигурно ќе биде слободен во изборот на нов клуб, бидејќи тешко е да се верува дека Интер ќе попушти.

Сепак, „Нероазурите“ се обезбедија на еден начин во целата ситуација, бидејќи на Икарди му се овозможени сите услови за тренинг, а притоа и доби нов број на дресот под кој е регистриран како дел од екипата во Серија А.

Интер му нудеше на Икарди да потпише и нов договор на уште една сезона и потоа да оди на позајмица, само за да се ослободат од него, што Мауро одби.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top