Илија Тота: Мелбурн го чувствувам како свој дом!

Илија Тотовски-Тота сеуште е под имресии од турнејата во Австралија. Како место кое му оставило најголем впечаток, Тота го издвојува Мелбурн бидејќи како што вели таму се чувствувал како дома..

Познатиот музичар Илија Тотовски-Тота пред извесно време се врати од големата турнеја во Австралија каде што настапуваше заедно со Наум Петрески, Зуица Лазова и Џеват Рамадановски. Тој не го криеше задоволството од прекрасниот помин и како што истакна при интервјуто за ИН ТВ, сеуште е под импресии од турнејата.

-Немам зборови за тоа како поминавме. Навистина не постојат зборови, беше феноменално, салите преполни, публиката воодушевена. -вели Тота.

Покрај бројните концерти и настапи, имале и слободно време за да прошетаат и да уживаат во прекрасните места со кои изобилува оваа далечна земја, а ни откри и кое место му оставило најголем впечаток.

-Па можам да кажам дека Мелбурн го чувствувам како свој дом. Другите да не ми замерат, насекаде беше прекрасно, ама Мелбурн некако ни беше посебно.-додава тој.

Илија ја најавува и следната голема турнеја, овојпат во Америка и открива дека еден од изведувачите кои ќе бидат дел од оваа турнеја ќе биде младиот и талентиран Ангел Стојкоски кој потекнува од Струга.

Извор: Естрада Плус


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top