Илинденска честитка на Советот до Македонскиот народ

Нека ни е честит Илинден..

Почитувани браќа и сестри Македонци,

Ми причинува особена чест и задоволство во името на Советот на Македонската Заедница за Мелбурн и Викторија да ја искористам оваа прилика, да ви го честитам најголемиот македонски нацијонален празник Илинден. 

Денот втори Август 1903 е кулминација на долготрајната борба за слобода кога македонскиот народ низ цела македонска територија, крена востание против отоманската империја. 

Остваруванјето на самобитноста на македонскиот народ не беше ниту лесна ниту едноставна задача и цел. 

Таа е плод на стремежот и на борбата на  плеада борци на идејата за независна и суверена македонска држава. 

Оваа година славиме 117 годинин од првото илинденско востание, и 76 години од така нареченото второ Илинденско востание, т.е. Првото заседание на АСНОМ 2 Август 1944 год. 

Илинден е израз на себепризнавање, на самодокажување и, пред се, на втемелување на македонскиот јазик, литература и култура во семејството на светската ризница на народите и цивилизациите.

Горди на нашите илинденци и борци за слободна Македонија, денес го чествуваме овој светол празник Илинден. Денес им оддаваме почит и длабоко се поклонуваме кон нивниот херојски чин за слободна, независна држава Македонија. Нека ни е честит овој светол празник. Да живее Македонија!

За многу години !

На многаја лета !

Благоја Макаловски, Претседател на Советот на Македонската Заедница за Мелбурн и Викторија. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top