ИЛИОСКИ: Апелациониот суд ја прекрши правдата

Апелациониот суд подлегна на политичките притисоци од СДС и СЈО, а јавноста е сведок на двојните аршини, вели Зоран Илиоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ..

Според него, Судот не ја исполни законската обврска дека судиите треба да одлучуваат врз основ на Уставот и законот Република Македонија. Наместо тоа, вели Илиоски, дел од судиите на апелациониот суд решија да ја прекршуваат правдата и да се додворуваат на Заев и Јанева и центрите на моќ и со тоа се запишаа на темните страни на историјата.

– Со скандалозната одлука судот најдиректно го прекрши законот за кривична постапка, кој во член 12 став 2 вели максимално јасно и прецизно дека: „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“. Сведоци сме дека одлуката на судот е само гола политика, изоставајќи ги правните аргументи. Ова е сериозен и незаконски преседан и отвора можност незаконски прибавени докази да бидат дел од постапката со што директно го прекрши законот за кривична постапка – изјави Илиоски.

Тој додаде дека никаде во светот нелегално стекнати материјали не смее и не се користат во судски постапки.

– Од одлуката на апелација се срамат сите правници во државата. Очигледно е дека Зоран Заев целиот притисок врз судството го прави за да се спаси себеси за криминалите во кои е заглавен и во исто време да го попречи ВМРО-ДПМНЕ да му застане на патот на неговата деструктивна и антидржавна политика. Но нема да успее, за брзо следуваат промени, а неспособната влада на СДС нема да трае многу. Затоа на локалните избори СДС ќе биде поразен, и делегитимиран од граѓаните на Република Македонија. Секој мора да знае дека секој оној кој работи против Уставот и законот и ги крши истите за само да му се додвори на Заев ќе сноси одговорност и ќе одговара за своите постапки – рече тој.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top