Илјадници каталонски сепаратисти на улиците на Барселона

Повеќе илјади каталонски сепаратисти се собраа денес на протестен марш во Барселона, барајќи 12 нивни лидери на кои им се суди за нивната улога во неуспешниот обид за отцепување во 2017 година, да бидат ослободени од обвиненијата..

Демонстрантите во првиот ред на маршот, носеа голем транспарент со натпис „самоопределувањето не е криминал“, а имало и многу луѓе кои носеле сепаратистички знамиња, објави агенцијата АП.

Судењето на 12-те каталонски лидери започна неделава во Врховниот суд на Шпанија во Мадрид.

Тие се обвинети дека ја игнорирале судската забрана за одржување на референдумот за отцепување и прогласиле независност во октомври 2017 година.

Деветмина од 12-те осомничени каталонски лидери се во затвор, додека тројца, на кои им се заканува помала казна, се пуштени да се бранат од слобода.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top