Илон Маск откри детали за леталото кое ќе оди на Марс и Месечината

Извршниот директор на компанијата „SpaceX“, Илон Маск, објави детали за вселенското летало наречено „Starship“ за кое вели дека ќе успее да пренесе голем број на луѓе и товар кон Месечината и Марс..

Вселенското летало може да лета и кон други места од Сончевиот систем затоа што може да се користи повеќе пари, рекол Маск додека во Тексас ги претставувал новитетите околу својот проект.

Компанијата „SpaceX“ на Твитер објави дека на подолги меѓупланетарни патувања во вселената во скоро време би можеле да појдат до стотина луѓе.

Способноста на „Starship“ леталото да превезува луѓе и товар би можело да го олесни потенцијалното поставување на база на Месечината како и изградба на градови на Марс.

Маск и порано говореше за своите планови за населување на Марс, каде сака да доведе милион луѓе.

Според плановите кои ги претстави уште во 2016-та година, луѓе на Марс би почнале да патуваат уште во 2025-та година.

Американската вселенска агенција НАСА смета дека луѓе на Марс ќе пристигнат околу 2030-та година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top