Илон Маск покажа како ќе изгледа алфа базата на Марс

Илон Маск покажа како ќе изгледа базата на SpaceX на Месечината. Маск ги објави фотографиите во „твит“ наречен „Марс алфа база“.

На фотографиите се гледа Big F***ing Rocket на површината на Црвената планета, а во позадината се гледа базата во форма на полутопка и покриена со соларни панели.

Во одговор на прашањето за тоа кога ќе биде готова, Маск одговори дека најверојатно тоа ќе биде до 2028 година. Овој „твит“ на Илон Маск доаѓа откако главниот оперативен директор на SpaceX, Гвини Шотвел, потврди дека SpaceX има намера прв пат да ја лансира ракетата во 2020 година, додека планиранитемисии на Марс и на Месечината се во 2022, односно 2024 година.

„Сакаме да испратиме голем товар на површината на Месечината до 2022 година, а првите луѓе да ги испратиме на Марс во 2024 година. Овие планови можеби звучат лудо, но се што сме направиле досега отпривн им звучи лудо на луѓето“ објасни Шотвел.

Горниот дел од BFR има 40 кабини, каде што може да се сместат по максимум шест патници. Моќното возило ќе може да подигне 150 тони во вселената, а се состои од две фази, од кои и двете можат да се реупотребуваат, пишува DailyMail.

Пред неколку дена Маск го објави и името на првиот патник до Марс, јапонскиот милијардер и тајкун на онлајн модата, Јусаку Маезава, кој е планирано во 2023 година да помине седум дена патувајќи околу Месечината, а планира со него да земе и седуммина уметниви.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top