Илон Маск претстави „сајбер“ свиња со чип во мозокот - тоа е иднината во лечење на невролошките заболувања

Илон Маск демонстрираше демо верзија на својот најнов технолошки изум – имплант за во мозок, којшто е тестиран на свињи, со што уште еднаш ги демонстрира своите планови за создавење на функционален интерфејс мозок-машина, пренесе БиБиСи..

За време на преносот во живо, Маск претстави три свињи: едната во која нема имплант произведен од неговата компанија „Neuralink“, едната во која имплантантот бил всаден во минатото и подоцна е отстранет и Гертруда, свиња која во моментов има прототип на уредот.


Тој објасни како експертите го вметнале имплантот во Гертруда пред два месеци и дека тој бил поврзан со невроните во нејзината муцка. Кога Гертруда ќе допре нешто со својата муцка, се активирале електрични импулси во мозокот, кои во имплантот регистрираат повеќе од 1000 електроди, пишува СиЕнЕн.

Инаку, Маск во 2019 година објави дека неговиот невротехнолошки стартап, Neuralink, планира да започне да имплантира уреди во човечкиот мозок веќе следната година со цел да се постигне „симбиоза со вештачката интелигенција“.

Основачот на SpaceX верува дека таков систем може да се користи за лекување на невродегенеративни болести, како што се Алцхајмерова или Паркинсонова болест, и на крајот може да ги „зачува и подобри“ нашите функции на мозокот или да им обезбеди на корисниците некаква форма на телепатија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top