Имам дресови на Реал, ама никогаш не сум ги облекол, алергичен сум на нив

Контроверзниот дефанзивец на Барселона, Жерард Пике призна дека има неколку дресови на најлутиот ривал Реал Мадрид, но тие му се само како сувенири/.

„Знаев да сменам дрес со играчите на Реал, но никогаш не сум ги облекол. Алергичен сум од самата можност за тоа“, изјави Пике кој често знае да го пецне мадридскиот клуб.

На навивачите на Реал не им се допадна изјавата, па почнаа да го тролаат дека ќе биде новиот Фиго, односно ќе ја предаде Барса за да се пресели на Бернабе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top