Имате проблеми со тежината? Можеби се во прашање овие не толку познати хормони…

Можеби се во прашање овие не толку познати хормони….

Сите ние знаеме за естрогенот, тестостеронот, серотонинот, допаминот и мелатонинот, но тие не се единствените хормони во нашиот организам. И бидејќи не влијаат само на изгледот, туку и на здравјето, би било добро да знаете што е можно повеќе за нив. Денес ви претставуваме четири хормони за кои не се пишува толку често, а од нив, во помала или поголема мера, зависи колку често ќе бидете гладни.

Кортизол – хормон на стрес

Лачењето на овој хормон се одвива во надбубрежните жлезди, а неговата улога е да нè заштити од стресот. Всушност, кога телото е изложено на стрес, кортизолот лачи гликоза за да имаме доволно енергија да се носиме со моменталната ситуација. Меѓутоа, доколку сме секојдневно изложени на стрес, нивото на кортизол ќе биде хронично зголемено, што значи дека ќе лачи многу повеќе гликоза. Вишокот на шеќер доведува до натрупување на масни наслаги, особено во пределот на стомакот, но и до низа здравствени проблеми како што се срцевите заболувања, зголемениот холестерол, многу високото ниво на шеќер во крвта, дијабетес, остеопороза и други.

Лептин – хормон на ситост

Хормонот лептин игра важна улога во борбата со вишокот килограми, затоа што го регулира трошењето енергија, апетитот и движењето. Се лачи во масните клетки, а низ крвотокот патува низ телото и директно комуницира со мозокот праќајќи му порака кога сте сити. Меѓутоа, колку сте подебели, толку е нивото на лачење лептин поголемо, со што организмот станува резистентен на овој хормон, а тоа доведува до почесто чувство на глад.

Грелин – хормон на глад

Хормонот грелин се лачи во желудникот, а неговата улога е да му испрати на мозокот информација за недостаток на храна во системот за варење, односно да нè извести кога сме гладни. За разлика од лептинот кој го регулира гладот на подолго време, грелинот делува краткорочно и влијае на секојдневното чувство за глад. Меѓутоа, доколку одлучиме свесно да ги игнорираме алармантните знаци на глад кој ги испраќа грелинот, се изложуваме себеси на ризик од константно зголемување на концентрацијата на овој хормон во крвта, која ќе допринесе до неконтролирано чувство на глад и зголемен апетит, внесување поголемо количество храна и складирање на мастите.

Спексин – нов хормон

Најновата студија, спроведена од клиниката Мајо во Флорида, дојде до значајни откритија кога е во прашање влијанието на хормоните на дебелината. Научното истражување било спроведено на тинејџери, на возраст од 12 до 18 години, при што се открило големо влијание на хормонот под името спексин за регулацијата на телесната тежина. Всушност, тинејџерите со прекумерна тежина, кои имаат пониско ниво на хормонот спексин, имаат 5 пати поголеми шанси да бидат дебели во однос на тинејџерите кај кои е забележано повисоко ниво од овој хормон. Научниците најавиле дополнителни истражувања за поточно да ја утврдат улогата на спексинот во развојот на прекумерната тежина и развивањето на болестите на метаболизмот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top