Името не било услов за ЕУ туку само за НАТО?

Фејсбук статус на Јани Бојаџи..

Името не било услов за ЕУ туку само за НАТО? Е-па да! Што има тука нејасно? Го кажа тоа и Ципрас: ``Името не е услов за евроинтеграциите на соседната земја``! На кое уво спиевте? Исто го кажаа и Меркел и Макрон и сите наши пријатели (ова ``пријатели`` е без иронија!) кои дојдода во Македонија кога требаше да се гласа на референдум. Сите кажуваа дека очекуваат реформи!

Е има ли реформи? М? Ама искрено, еј?! Било какви реформи, во било која сфера, за било што? Бидете искрени!

Абе нема! Па и самите вие одите по Европа и кажувате: ``ние го сменивме името сега вие сте на ред да ни дадете датум``!

Значи вие давате име а тие даваат датум! Вие не им нудите реформи! Не знам што има тука нејасно?! Тоа го зборат сите. Од премиер до министри, па преку професори и аналитичари до експерти и новинари!

``Име за датум`` ви е дилот! Енд детс ол фолкс!

Е сега, Холанѓаниве не бараат име, име тие фала Богу си имаат па од вас бараат реформи.

А вие реформи немате. И сега? Чаре бе?

Абе, ве гледам чудни? Решението ви е пред нос!

Што има да се докажувате со реформи,амандмани, право, правда... еееејјјј, па тоа нема крај! Си го знаете вие патот. Наместо да се мачите со закони, па подзаконски акти, па функционалност, па опозиција, па невладини, вака на секое отворање на ново поглавје понудете им да менувате по едно име!

За почеток, понудите им на ова Холанѓаниве да смените име на еден град!

Еве, предлагам за почеток, тоа да биде градот Струмица!

Ќе блеснете во Европа со тоа што на вас први од толку земји на Западниот Балкан и пошироко ви текнало за ова работа. Сите ќе ја пофалат вашата креативност и инвентивност. Не ви бега уште една Нобелова за ова!

И секако, ова нема да заврши со еден град, затоа што денеска стана сосема јасно дека освен Холандија, принципиелни забелешки на немањето реформи имаат и Франција а богами и Германија!

Драги мои, јас сум роден Струмичанец, па да не излезе дека од локал патриотски причини сум се повлијаел врз изборот на ново име на градот Струмица, тоа задоволство ви го препуштам вам!

П.С. И откако уште сега се знае дека преговорите се содржат од ``35 Поглавја`` кои треба да се отворат и затворат, а на секое отворање и затворање секоја земја може да става ``вето`` а сосема е јасно дека Република Северна Македонија нема 70 градови, тогаш, останува да се променат и имињата на села, планини, езера, реки, потоци и секако, на крајот остануваат и преку 2.000.0000 лични имиња!

Значи, имаме ние стока за размена колку им душа сака на проклетите Европејци! Да им се плукнам на реформите! Нека прават реформи Србите, Албанците, Црногорците и Босанците кога се глупи!

П.П.С. Драги мои од другите градови! Вклучете се слободно во предлагањето на нови имиња за вашите родни градови, оти време за чекање се нема! Мора бргу да се влегува во Европа. Да не испадне после Владата толку се труди со преговорите а вие ја кочите со предлозите за промена на имињата на градовите!

П.П.П.С. И Опозицијата да не меша прсти во ова, туку да биде конструктивна и активно да учествува во изнаоѓањето на нови имиња на градовите и селата во Република Северна Македонија! Нека се вклучи и дијаспората, а и оној на ``Г`` од Будимпешта ако сака! Ќе му се земе за олеснителна околност.

Секоја добра намера е добродојдена!


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top