Индија ги ублажи мерките на рестрикција, зголемен бројот на заразени и починати

Индија објави најголемо зголемување на бројот на заразени лица и смртни случаи поврзани со „ковид-19“ во последните 24 часа, откако мерките за карантин низ целата земја беа олеснети од регионалните влади..

Според последните информации од индиското Министерство за здравство, регистрирани се 195 смртни случаи за 24 часа, поради што вкупниот број на починати се искачи на 1.568. Бројот на заразени лица се искачи за 3900, вкупно 46.433. Покрај тоа, закрепнале 12.727 пациенти.

Бројот на заболени е зголемен како резултат на зголеменото тестирање, соопштија здравствените власти, со тоа што се тестирани рекордни 82.792 лица. Најмногу позитивни случаи се забележани во поголемите индиски градови како Њу Делхи и Мумбаи.

Ублажувањето на мерките започнало во многу делови на земјата како трета фаза на карантински мерки – што започна на 25 март. На приватните канцеларии, како и на индустриските и градежните активности, им беше дозволено да работат под ограничени услови, дури и во „црвените зони“ или во епицентрите на заразата, како што е Делхи – каде мерките беа најстроги. Патувања, посети на хотели, ресторани, трговски центри и киносали се уште не се дозволени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top