Индонезија на мета на терористите: Трет напад за 24 часа

Индонезискиот град Сурабаја во изминатите 24 часа е цел на повеќе напади, вклучувајќи ги и самоубиствените експлозии во три цркви во неделата извршени од едно семејство со четири деца..

Во најновиот напад цел е полициската станица во вториот по големина град, рано утрово, што го извршиле четворица бомбаши-самоубијци на два мотори, изјави портпаролот на полицијата, Франс Барун Мангера, при што повредени се десет лица, меѓу кои и четворица полицајци. Полицијата соопшти дека сите четворица напаѓачи се мртви, а се утврдува нивниот идентитет.

Со исклучок на напаѓачите, осум лица загинаа во серијата бомбашки напади во неделата, кога сопружници ги искористија четирите деца за смртоносни самоубиствени напади врз три христијански цркви.

Индонезија, најнаселената муслиманска земја во светот, последниве неколку месеци се бори со порастот на верските милитанти, чиј број се зголемува  откако припадниците на ИД беа потиснати од своето седиште  во Сирија и Ирак.

-Овие напади се како сценарио од кошмар, што и се очекуваше откако Индонезијците поврзани со ИД се вратија од Блискиот Исток, вели Грег Бартон, претседател на Глобалната исламска политика на Универзитетот Деакин во Австралија.

Полицискиот генерал Тито Карнавјан, највисок по ранк полициски функционер во Индонезија, изјави дека се сомнева дека целото семејството биле членови на терористичката група Џамах Аншарут Даулах (ЏАД), главен поддржувач на ИД во Индонезија.

Според претходните извештаи, семејството неодамна се вратило од Сирија, но Карнарјан рече дека тоа не е вистина.

Нападот предизвика вџашеност, откако беше објавено дека двете малолетни девојчиња (9 и 12 години) биле со мајката кога таа детонирала една од бомбите, а двајцата тинејџери извршиле посебен напад врз друга црква. Сите членови на семејството загинаа во нападите.

Во друг напад подоцна истата вечер, експлодирала бомба во делот на нискобуџетниот комплекс Виноколо.
Бомбата експлодирала предвреме, при што беа убиени една жена и нејзината 17 годишна ќерка. Полицијата подоцна го пронаша и таткото, кој во куќата држел детонатор, при што бил застрелан.

Одговорноста ја презеде ИД

ИД соопшти дека стои зад нападите на црквите, во кои се повредени 41 лице, иако властите не можат да го потврдат тоа.

Индонезија долго време води борба со домашните терористички групи, особено групата поврзана со Ал Каеда, Џама Исламија, која ја презеде одговорноста за 11 напади помеѓу 2000 и 2010 година, вклучувајќи ги и смртоносните бомбашки напади во Бали 2002 година, во кои загинаа повеќе од 200 лица, а стотици беа повредени, најмногу туристи.

Во последниве години, Индонезија се соочува со обидите на ИД да регрутира членови во земјата.

Нападите на Сурабаја според експертите би можеле да бидат “отворање нова, пософистицирана кампања”, имајќи предвид дека тајмингот – непосредно пред Рамазан, кој започнува на 15 мај – “ги носи обележјата на ИД”, која и вомонатото го користеше светиот месец да започне големи напади.

Генералниот секретар на Обединетите нации ги осуди трите терористички напади врз црквите Сурабаја. Преку својот портпарол, Антонио Гутереш, рече дека е “изненаден од извештаите дека децата се користат за учество во нападите” и изрази сочувство на семејствата на жртвите.

Повеќе од 82% од 261 милиони жители во Индонезија се припадници на исламот, додека околи 10% од населението се христијани.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top