Инфантино: Фудбалот ќе биде сосема поинаков по пандемијата

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино денеска изјави дека фудбалот ќе биде целосно поианков кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот..

„Фудбалот ќе се врати, а кога тоа ќе се случи, ќе го прославиме заедно излегувањето од овој кошмар. Сепак, постои една лекција која мораме да ја разбереме, а тоа е дека фудбалот кога ќе се врати ќе биде целосно поинаков“, изјави Инфантино за италијанската агенција АНСА.

Фудбалот во најголемиот дел во државите низ светот е прекинат поради пандемијата.

Инфантино изјави дека очекува луѓето по кризата да бидат подобри, похумани и насочени кон вистинските вредности.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top