Инфекции на уринарниот тракт

Инфекцијата започнува ненадејно, со зачестено и болно уринирање.

Инфекциите на уринарниот тракт се на второ место по зачестеност, веднаш по инфекциите на респираторниот систем. Од нив, најчесто се појавува воспаление на мочното бабуле- циститис, од кој заболуваат околу 2% од помладата популација и над 33% од повозрасните. Најзагрозена група се сексуално активните жени, на возраст од 20 до 50 години.
Жените се поподложени на развој на инфекцијата,10 пати повеќе од мажите, а причина за ова се анатомските предиспозиции. Жените имаат покуси мочни канали и помало растојание од мочниот отвор до анусот.

Инфекцијата започнува ненадејно, со зачестено и болно уринирање, проследено со пецкање. Анализата на урината може да покаже покачени леукоцити и присуство на еритроцити. Се прави уринокултура за да се одреди најефикасна антибиотска терапија.
Во повеќе од 90% од случаите на циститис , причинител е бактеријата ешерихија коли ,која природно живее во цревата и е дел од нормалната цревна флора. Поради близината на мочниот отвор и дебелото црево, оваа бактерија лесно стигнува до бабулето. Одредени фактори можат да придонесат за појава на воспалението, на пример, синтетичката долна облека, тесните панталони, долгите бањања во када, како и неправилното бришање при одење во тоалет (од анусот кон вагината). Ризикот од воспаление го зголемува и стресот, болестите што го ослабнуваат имунитетот и недостигот на естроген кај жените во менопауза. Причина за инфекција може да биде и половиот однос. Се препорачува веднаш по односот празнење на мочното бабуле.
Кај циститисот може да дојде до појава на крв при крајот на уринирањето. Покачена температура , болки во грбот или во слабината може да укажуваат на проширување на инафекцијата и на бубрезите.

СИМПТОМИ

-зачестено уринирање

-пецкање и болка

-промена на бојата на урината

-повремена појава на крв во урината

-непријатен мирис на урината

-чуство на притисок во карлицата

-болка во долниот дел на грбот

-умор и температура

-треска



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top