Иниеста со солзи во очите: Можеби ми е последен натпревар за Барса во ЛШ

Тажно беше да се гледа легендата на Барселона по дебаклот од Рома во Лигата на шампионите..

Најзагреаните навивачи на каталонскиот клуб не се навикнати да го гледаат Андрес Иниеста со солзи во очите по пораз, но ова што се случи на Олимпико не ја остави рамнодушна “осумката” на тимот од Камп Ноу. Уште поболно е она што тој го навести во изјавата по натпреварот.

„Дали е ова мој последен натпревар за Барселона во Лигата на шампионите. Тоа е една од можностите”, рече Иниеста.

Многу веројатно тој ќе се прости од Барса со титула во Ла Лига, можеби и со двојна круна, но не и како Чави кој си замина од својот клуб со трите трофеи.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top