Институт за безбедносни студии на ЕУ: Западен Балкан ќе остане нестабилен сѐ додека не се приближи кон ЕУ

Сѐ додека политичките, правните и економските услови во Југоисточна Европа не покажат знаци на приближување кон остатокот од континентот, регионот ќе остане нестабилен, заклучено е во извештајот на Институтот за безбедносни студии на ЕУ..

Предизвиците за Западен Балкан, како што се слабата економија и државната демократија, и најавата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во 2014 година дека нема да има проширувања за време на неговиот мандат, го направија овој регион плодна почва за надворешни влијанија, се вели во извештајот,  насловен како  „Флексибилност  на  Западен Балкан”.

– Потхранувајќи ја државната и општествената флексибилност во земјите од Западен Балкан, ЕУ не само што директно се посветува на способностите на регионот да се справи со многубројните предизвици, туку, исто така, долгорочно вложува во интерес на своите граѓани”, се вели во извештајот, кој е изработен во соработка со Европскиот фонд за Балканот.

Директорката на европската програма на Германскиот Маршалов фонд Роза Балфур, оцени дека земјите од Западен Балкан во изминатите две децении покажале значителна флексибилност.

Таа, исто така, забележа дека недостатокот на ангажираност на ЕУ и САД во регионот, влијаел други надворешни фактори, како што се Турција, Русија и земјите од Заливот – да бидат главните актери на дестабилизација. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top