Интегра: Зафировски правеше опструкции во изборната кампања, а и сексуално вознемируваше членови на партијата

Претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски реагира на денешната прес конференција на која Христијан Мицкоски и Воислав Зафировски соопштија дека дел од раководството на Интегра преминува во ВМРО-ДПМНЕ..

-По повод пресот на ДП*НЕ со поединци кои во најголем дел се разрешени во текот на минатиот месец од членство во Претседателството и Лидерските тимови, од најразлични причини, ИНТЕГРА ве информира дека случувањата се резултат на подолготрајниот притисок од одметнати удбашки структури, кои најверојатно се длабоко вгнездени во ДП*НЕ, а со цел да се стави ИНТЕГРА и нејзиниот лидер Љупчо Ристовски под нивна контрола.

За време на кампањата и претходно бевме сведоци на инвазивна специјална војна против партијата и лидерот Ристовски, која не престана да се одвива и после изборниот датум.

Воислав Зафировски беше разрешен минатиот месец од сите раководни позиции во партијата, вклучително и таа како Претседател на РИШ – Републичкиот изборен штаб, а поради сериозни пропусти и смислени опструкции во изборната кампања 2020, потоа и поради длабоко преминат праг на морална грешка, кој вклучуваше покрај прекршувањето на интерната Заклетва положена со рака врз Библијата и постоење на елементи на сериозни испади кои слободно можат да се подведат под сексуално вознемирување на истакнати членови на партијата, вели Ристовски.

Тој додава дека не е точно дека има вклучување на општински комитети, ниту пак станува збор за `голем дел` од претседателството на партијата.

-Станува збор за неколку исклучени членови од лидерските тимови, дел на нивно барање и во меѓусебен договор, дел по нивна лична одлука и оставено демократско право на избор, но станува збор за неколкумина, кои веќе не се дел од тимовите на Партијата.

Во врска со изнесените лаги и инсинуации на лидерот на ДП*НЕ Мицкоски, истите ќе мора да ги докаже на суд. ИНТЕГРА и Љупчо Ристовски ниту земале, ниту некогаш ќе земат финансии од било кого, заради остварување на било чии туѓи интереси, вклучително и од СДС* или нејзини афилијации, ниту од ДП*НЕ или од било која партија или центар. Љупчо Ристовски е симбол на морален столб и морална доблесност од ранг, но и доволно искусен во политиката за да си дозволи дури и најмал луксуз во таа насока. Финансирањето на партијата е транспарентно и е предмет на јавен увид, пред и за време на изборната кампања 2020, вели Ристовски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top