Интер на тешки маки, добија уште еден негативен одговор, сега од Бундеслигата

На „Нероазурите“ ова лето тешко им оди потрагата по нов напаѓач..

Со недели веќе се пишува за желбата да го ангажира Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед, но иако клубот од Милано е подготвен за Белгиецот да издвои и 70 милиони евра во рок од три години, тоа воопшто не го импресионираше англискиот великан, кој сака пари веднаш и тоа за десетина милиони поголема сума.

Нема Интер да се откаже од него туку така, борбата продолжува, но на „Џузепе Меаца“ истовремено се размислува и за алтернативни решенија.

Едно од тие решенија би можел да биде и хрватскиот репрезентативец од германски Ајнтрахт Анте Ребиќ, но и од овој клуб првата понуда на Интер беше одбиена.

Според информациите на германски „Скај Спорт“, „Нероазурите“ за Ребиќ нудат 30 милиони, но Ајнтрахт, како и Манчестер, бара десет милиони повеќе, па на италијанскиот клуб нема да му биде лесно да го реализира и „планот Б“.

Ребиќ минатата сезона на 38 натпревари постигна 10 гола за Ајнтрахт, со шест асистенции, но беше во сенка на Лука Јовиќ кој одигра феномелана сезона и потоа реализираше 60 милиони вреден трансфер во Реал Мадрид.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top