Интер не се откажува: Нов напад по ѕвездата на Реал

Поранешниот италијански првак Интер летово не успеа да го донесе Лука Модриќ во своите редови, но тоа не значи дека раководството и стручниот штаб се откажале од својата намера..

Прво, планираат да ги подобрат односите со Реал, а потоа да направат финален атак на хрватскиот репрезентативец. Сето тоа може да се случи веќе во јануарскиот преоден рок.

Сепак, за секој случај Интер подготви и алтернативи во случај да не успее потерата по Модриќ. Прв на листата е Леандро Паредес од Зенит, но проблем кај него е што нема пасош на Европската унија и би пополнил место на странец. Се спомнуваат и Лукас Тусар, Денис Прет, па дури и Цеск Фабрегас иако Шпанецот, наводно, веќе се договорил со Милан.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top