Интер не запира - пристига ѕвездата на Манчестер Сити

Откако и официјално го договорија потписот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид, Интер сака уште еден силен трансфер..

Медиумите во Апенините пишуваат дека Интер ќе се обиде да го искористи интересот на Манчестер Сити за дефанзивецот Милан Скриниар, со цел да го вклучи Серхио Агуеро во целиот договор.

Скриниар веќе подолго време е мета на „граѓаните“, а Интер се обидува со плус пари да го добие 32-годишниот голгетер.

Со „Џузепе Меаце“ веруваат дека ваквиот потег ќе ја олесни ситуацијата во Сити, затоа што тогаш младиот Габриел Жесус би бил удобен како прв напаѓач.

Се чини дека Интер се подготвува за евентуално заминување на Лаутар Мартинез, кога Барселона го сака, па идеална замена би била неговиот сонародник од Аргентина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top