Интер продолжува да го слабее Јуве, по Марота, уште еден функционер се сели на „Џузепе Меаца“

Следниот „предавник“ кој би можел да ја вжешти ситуацијата на релација Милано – Торино е Федерико Черубини..

Поранешниот челник на младинскиот сектор на Јувентус, во моментов ја извршува функцијата заменик спортски директор кај „Старата дама“.

Она што би можело да биде клучно во оваа „кражба“ е тоа што токму Бепе Марота е човекот кој го вработи Черубини кога овој доаѓаше во Јувентус.

Според информациите на извори блиски до клубот, заменикот Черубини исто така е близок и со сегашниот спортски директор Фабио Паратичи, па останува да се види на кого ќе му биде лојален на крајот.

Нема сомнежи дека тивката војна која со години трае помеѓу Јувентус и Интер, токму со Марота доби ново поглавје.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top