Интер со најбројна публика, Јуве магнет на гостувањата

Интер останува со најбројна публика на својот стадион и просек од над 52.000 гледачи.

Просечната посетеност на стадионите во италијанското фудбалско првенство повторно опаѓа, а во досегашниот тек на сезоната секој натпревар во просек го следеле по 24.000 навивачи.

Интер останува со најбројна публика на својот стадион и просек од над 52.000 гледачи, иако италијанските медиуми потенцираат дека за тоа влијае и фактот што оваа екипа досега одигра неколку дерби натпревари на домашен терен. Следува Наполи и стадионот „Сан Паоло“ со просек од 42.000 гледачи, a потоа е Рома со над 40.000 фанови на „Олимпико“. Овој просек е поголем во однос на минатата сезона барем за трите клуба, а Јувентус останува со нешто помалку од 40.000 фанови по натпревар, нешто што е условено и од помалиот капацитет на својот стадион.
Затоа, актуелниот шампион е вистински магнет на гостувањата, не само поради својот квалитет, туку и поради фактот што секогаш на нивните дуели има и голем број гостински навивачи. 
Најголем скок бележи Фиорентина (20 проценти), а најголем пад Милан (18) проценти, што влијае и на целосниот просек во Серија А.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top