Интересен став на екс-играчот на Интер и Барса: Можеби е подобро за Интер ако Меси игра

Франческо Коко, поранешниот играч на Милан и Интер, кој играше на позајмица во Барселона, го анализираше престојниот меч од ЛШ на „Камп Ноу“..

Неговите некогашни тимови ќе се соочат на „Камп Ноу“, а постои можност мечот да го пропушти Лионел Меси.

„За победа на Камп Ноу ви требаат три работи: став, интензитет и храброст. Ако одите таму знаејќи дека ќе загубите, тогаш ќе се растопите и губите. Во меѓувреме, ако го подготвувате мечот без размислување за исходот, можеби ќе ви се укаже шанса. Сето тоа е психолошка работа. Интер би требало да даде 110 проценти, не дозволувајќи и на Барса да ја игра својата игра“, изјави Коко и додаде:

„Недостатокот на Меси секогаш се чувствува на теренот. Постои Барса со Меси, а и без него, но можеби неговото отсуство нема да биде предност на Интер. Можеби е подобро за Интер да игра. Интер, знаејќи дека Меси не игра, би можел да се опушти и тоа да го чини скапо на крајот“.

Барса и Интер својот меч го играат во среда од 21 часот. Интер во првото коло одигра слабо против Славија Прага на домашен терен (1:1), а Барса ремизираше во Дортмунд против Борусија (0:0).


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top