ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ

Деновиве медиумите често го споменуваат Џеф Безос, директорот на „Амазон“, во чија сопственост се наоѓаат и „Вашингтон пост“ и компанијата за вселенски летала „Блу ориџин“..

На ноемврискиот фестивал „Самит ЛА17“ во Лос Анџелес, Безос споделил некои од тајните на неговиот неверојатен успех и богатство. „Техкранч“ го сподели со јавноста увидот во умот на најбогатиот човек на светот – од тоа како ја запозна и избра својата сопруга до тоа зошто не се активира во мултитаскингот.

За успехот на Безос многу е важен неговиот избор на вистинска партнерка

Џеф и неговата сопруга Мекензи Безос се во брак веќе 24 години. Се запознале кога Џеф ја интервјуирал за работа во инвестициската компанија „Д. Е. Шо“. Како што и самиот истакнал за „Вог“, штом ја здогледал веќе знаел дека таа поседува потенцијал. „Сметам дека мојата сопруга е снаодлива, паметна, има кликер и супер изгледа. Но, имав среќа да го прочитам нејзиното CV пред да ја сретнам, така што точно знаев каде се нејзините слабости“, се пошегувал Безос во тоа интервју.

Безос избегнува мултитаскинг за да биде успешен

„Кога вечерам со пријателите или со семејството, тогаш навистина сум присутен. Не сакам да работам повеќе работи истовремено. Ако читам е-пошта, тогаш навистина ја читам, со полно внимание“, рекол Безос.

Треба да ги знаете сопствените таленти

Безос смета дека она што е добро и квалитетно не е тоа што е и брзо. Направил и споредба. „Во мојот бар од соништата, каде што би се служеле врвни коктели, би пишувало: Дали сакате брзи коктели или сакате брзо да ви стигнат?“

Изберете ја авантурата наместо полесниот пат

Безос смета дека сите имаат две опции да направат своја „животна приказна“. Или ќе посегнат по „леснотија и комфор“ или по „живот полн со авантури“. Тој ниту за момент не се сомнева што е правилен избор – вели дека на 80-годишна возраст ќе бидете многу погорди на својот авантуристички живот. Безос ја опиша и својата одлука да ја основа компанијата „Амазон“.

„Знаев дека кога ќе имам 80 години, нема да зажалам што го пробав ова. Нема да зажалам што се обидов да учествувам во работата што се вика интернет – затоа што знаев дека ќе биде многу важен. Дури и знаев дека и ако не успеам, нема да зажалам.

Единствена работа за која знаев дека сигурно ќе зажалам беше ако ништо не се обидам. Знаев дека тоа ќе ме прогонува секој ден.“


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top