Интервју со носителот на изборна единица 5 на ИНТЕГРА, Николче Талевски

8 прашања со Николче Талевски Носител на листата за пратеници на следните парламентарни избори од ИНТЕГРА - Македонска Конзервативна Партија..

1.  Како Битолчанец Носител на листа на ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА би сакале да Ве запознаеме подобро, бидејќи Битола е иселенички центар во Македонија?

Јас сум Николче Талевски роден Битолчанец. Во Битола имам поминато се што може едно среќно дете да помини. Семејна хармонија со моите родители кои за жал денес не се меѓу нас, но сум сигурен дека ми ја посакуваат цела среќа на овај свет и со мојот помал брат. 

Денес Николче е човек кој има завршено средно образование, потоа има дипломирано на техничкиот факултет во Битола и е сообраќаен инженер за патен сообраќај и транспорт со зад себе магистерски труд кој во своите контури содржи иницијатива за поубава битола. 

Конкретно насловот на тој магистерки труд е "Одржлив логистички модел на систем за собирање на комуналниот отпад во Општина Битола". 

Но тука не застанав и денес сум доктор на технички науки со одбранет докторат под наслов "Логистички модел за стратешко управување со комуналниот отпад на ниво на региони во Република Македонија".  

Позади себе од научна страна имам во посед 70 трудови во домашни и странски списанија, часописи, конференции со научно стручни излагања. Од областа на вештачења во мојата област имам позади себе некаде повеќе од 300 вешти наоди.

Денес сум и вработен во најголемиот рударско енергетски комбинат во Македонија РЕК Битола со искуство во Рудничкото работење како сообраќаен инженер повеќе од 12 години. 

Тоа би било накратко нешто што би било интерес за почетно запознавање. За Вас како иселеници подолу би се осврнал и посеопфатно.

2.  Денес сте носител на листата за пратеници на ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА – што беше пресудно за да се нафатите на овај се надевам за Вас предизвик?

Да предизвик. Но кога ќе размислам морам да одговорам дека Македонија онаква каква јас ја познавам немала среќа да има водство кое безрезерво ќе ја сака. 

Битола за жал според мене повторно гледана со мои очи заслужува секогаш најдобро, но секогаш добивала минимум или нешто под тоа. 

Ова ми е предизвикот кој е тежок но со сигурност не е неостварлив. 

Сакам со мојата љубов кон Битола и Македонија да поставам поинакви стандарди на љубов кон својот македонски народ каде и да се наоѓа. Ова беше носечко за мојата маленкост да се нафати на овај чекор. 

Мислам и посакувам сите да сториме се најдобро за својата земја и својот роден град барем толку колку што сме вложиле во себе за таа наша Македонија и себично ќе кажам за Мојата Битола и со тоа да оставиме почва за квалитетен живот на нашите деца кои само така ќе бидат горди патриоти Македонци. 

Заради ова денес честа носител на листа за пратеници е моја одговорност која ако ја оправдам ќе бидам до крајот на мојот земен живот горд и нескршлив од радост дека нешто со чиста мисла сум го прифатил и се надевам во иднина оправдано ќе го бранам и застапувам за сите нас Македонците.

3.  Како ќе се обратите до иселениците кои се најбројни од крајот каде што сте родени?

Иселениците се срцето на Битола. Иселениците се душата на Македонија. Никој својата земја не ја напуштил без при тоа да не го боли. 

Тоа е болка која останува генерациски и доколку патриотски се пренесува секој Македонец по род ја осеќа каде и да се наоѓа. 

Затоа кон Вас кој искрено Ве сакам ќе Ви кажам – Битола е исто Ваша колку и моја, Македонија е Ваша земја и бидете горди што во Вас тече света Македонска крв. 

А денес да си Македонец е поголема чест отколку да бидеш крунисан за крал или кралица на целиот земен свет, бидејќи Македонија е име без кое и Библијата не би била тоа што денес е доколку ова име не е дел од нејзините свети страници.

4.  Кои се Вашите планови за иселениците и како гледате на нив?

Секој кој сака да се врати да живее и да вложува во Битола и во цела изборна единица 5 Охрид, Струга, Кичево, Демир Хисар, Крушево, Ресен, Дебар и руралните прекрасни средини Вевчани, Долнени, Кривогаштани, Пласница, Дебрца, Маврово и Ростуше каде јас ја барам подршката секогаш ќе има отворени врати. 

Отворени врати за бизнис, отворени врати за живот, отворени врати за свои задоволства, отворени врати за носталгија и се што душа ќе му посака на иселеникот кој се враќа во свое. 

Ова Ви го кажувам отворено и од тука ќе почнат моите планови за Вас, а Вие кога мислите дека нешто треба да се обратите моите врати во иднина секогаш ќе бидат отворени за се претходно наведено, но и ако мислите дека Ви треба само добар збор побарајте го – тука сум за Вас секогаш.

5.  Кратко, што очекувате од овие избори?

Очекувам поинакво утре, помодерна Македонија, и победа на мојата партија, па потоа нов почеток, работа и Вас сакам да Ве видам горди секаде низ светот.

6.  Каков е ставот на досегашните власти кои беа во Македонија?

Секогаш мислам дека можеше подобро. 

Македонија секогаш заслужува да се употребат сите атоми кои ги пооседуваме за истата да има нуклеарен погон на прогрес и да нижи успеси како име зборот Македонија секаде каде ќе има и една капка пот Македонска.

7.  Дали се гледате како избран пратеник?

Во нешто што не верувам и воопшто не се впуштам. Верувам во себе и Верувам во интелегенцијата на мојот народ.

8.  И на крај, нешто за крај?

Ова се поклопи со бројот осум кој е број кој е на ливчето за следен мој избор. 

За крај Ве сака Николче Талевски и со Господ напред се гледаме во Вашата и Моја Македонија здрави, живи и секогаш горди бидејќи вие сте срцето на Битола и душата на Македонија. Ве очекувам јас, мојата сопруга и моите деца да бидеме дел од Вашата и моја Битола.

Со особена љубов кон родот македонски, д-р Николче Талевски Носител на листата за пратеници на следните парламентарни избори од ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕТРВАТИВНА ПАРТИЈА


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top