Ирак предупреди дека Исламската држава продолжува да претставува закана

Ирачки официјални лица предупредија дека Исламската држава продолжува да претставува закана, иако владините сили го зазедоа последниот град во земјата контролиран од терористичката организација..

Во текот на денот воените сили на Ирак изјавија дека градот Рава, кој беше последно упориште на екстремистите, повторно е вратен под контрола на Багдад.

Сепак, ирачките владини лица предупредуваат дека Исламската држава ќе продолжи да претставува закана бидејќи се враќа кон своите стари тактики, со акцент на напади извршувани од страна на бомбаши самоубијци, особено кога Исламската држава го загуби Мосул, кој ја играше улогата на престолнина за терористите на територијата на Ирак.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top