Иран: Американската флота може да биде уништена со една ракета

Иранската Револуционерна гарда порача дека енма да преговара со САД , а нејзиниот лидер се закани дека со една ракета може да ја уништи америоканската флота во Персискиот залив..

Гардата му одговори на американскиот претседател Доналд Трамп , кој вчера го повика иранското раководство на разговор за откажување од нуклеарната програма и изјави дека не може да ја исклучи опцијата од воен судар , поради зголемената напнатост меѓу двете земји.

Според американскаста Агенција за морепловство , и комерцијалните брoдови на САД , кои се движат по познатите блискоисточни мортски рути би можеле да бидат цел на иранската војска.

Американскиот носач на авиони ,,Абрахам Линколн” , вчеравечер помина низ Суецкиот канал на пат кон Персискиот залив, додека во американската воздухопловна база во Катар стигнаа бомбардерите од типот Б-52.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top