Иран изложи ракета на годишнина од заземањето на амбасадата на САД

Иранските власти изложија во јавност балистичка ракета додека илјадници луѓе маршираа во Техеран на одбележувањето од заземањето на американската амбасада во 1979 година што доведе до прекинување на дипломатските односи на Вашингтон со земјата..

Демонстрантите кои се собраа пред поранешната американска амбасада каде за прв пат беше изложена ракета извикуваа „Смрт за Израел“ и „Долу со САД“. Демонстрантите запалија и слика со ликот на претседателот Доналд Трамп, како и знамето на Израел и на САД.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top