Иран: Новата нуклеарна стратегија на САД го загрозува опстанокот на човештвото

Новата нуклеарна политика на американската армија „го загрозува опстанокот на човештвото“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на Твитер, цитиран од АФП..

Во петокот, САД објавија дека сакаат да се здобијат со ново нуклеарно оружје со ниска моќност и го аргументираа ова со нуклеарното оружје на Русија. Одлуката предизвика страв од нова трка во вооружување и зголемен ризик од нуклеарен конфликт.

Оваа политика ја „одразува растечка зависност од нуклеарни бомби, што е кршење на Договорот за нераспространување на нуклеарно оружје, рече Зариф.

„Упорноста на (претседателот на САД Доналд) Трамп да го убие иранскиот нуклеарен договор произлегува од истата опасна непромисленост“, додава Зариф за склучениот во јули 2015 година договор за иранската нуклеарна програма меѓу големите сили и Техеран.

Трамп го критикуваше овој договор и се закани дека ќе ги повлече САД од средината на април. Застапниците на текстот, особено Европејците, велат дека тоа е најдобриот начин да се спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, пишува АФП.

Иранскиот претседател Хасан Рохани, исто така, ја осуди позицијата на САД.

„Видете колку дрско САД и се закануваат Русија со нови нуклеарни оружја. Може ли при таква ситуација една држава да каже дека сме во период на мир и дека не ни треба одбранбен капацитет?“, праша Рохани во телевизискиот говор.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top