Иран утре најавува зголемување на збогатувањето ураниум

Иран утре ќе објави дека ќе го подигне нивото на збогатување на ураниумот на пет отсто, што е над лимитот договорен со нуклеарниот договор..

"Објавата утре ќе биде дека го зголемуваме  нивото на збогатување на пет отсто од 3,67, како што е договорено со договорот", изјави за Ројтерс, ирански официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.

Иранската агенција Фарс, претходно пренесе дека нуклеарниот преговарач Абас Араки ќе објави утре дека Иран ќе престане да се придржува кон неколку одредби од тој договор.

Утре е крајниот рок што им го даде Иран на европските земји, потписнички на договорот за да реагираат , откако САД се повлекоа на сопствена иницијатива од договорот и воведоа санкциите против Техеран.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top