Ирански генерал: Сите кои сакаат нивната земја да стане „главното боиште“, нека тргнат против нас

Командантот на Иранската револуционерна гарда Хосеин Салами предупреди денес дека секоја земја што ќе го нападне Иран ќе стане „главниот фронт“ на конфликтот..

„Сите кои сакаат нивната земја да стане главното боиште, нека тргнат на нас“, кажа генералот на конференција за новинарите во Техеран.

Тој додаде дека Техеран никогаш нема да дозволи војната да се случи на територијата на Иран.

Шефот на Пентагон Марк Еспер изјави дека САД испраќаат засилување во регионот на Арапскиот Залив по нападот врз саудиските нафтени инсталации кои му ги препишуваат на Иран.

САД испраќаат засилување на барање на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top