Исчезна Македонка од Мелбурн

Македонката Лидија Георгиевска од Мелбурн е пријавена за исчезната.

Полицијата апелира за јавноста да помогне во лоцирањето на исчезнатата тинејџерка од  наслебата Килор Даунс во Мелбурн, Лидија Георгиевска.

15-гошната последен пат била видена како го напуштала својот дом на улицата на „Swindon Crescent“ околу 8,30 часот на 1 јули.

Полицијата и семејството се грижат за благосостојбата на Лидија бидејќи нејзиното исчезнување е невообичаено.

Слика на Лидија е објавена со надеж дека некој може да обезбеди информации за нејзината моментална локација.

Секој што ја видел Лидија или со информации се замолува да ја повика Полициската станица Килор Даунс на 9365 3333.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top