Исчезна насмевката од лицето: Објасни зошто Салах е во криза оваа сезона

Мохамед Салах минатата сезона го воодушеви фудбалскиот свет со своите игри во дресот на Ливерпул и заслужено беше прогласен за играч на сезоната во англиската Премиерлига..

Меѓутоа оваа сезона Салах е  далеку од формата која што го красеше изминатата година, па многумина се сигурни дека Египјанецот тешко дека некогаш ќе ја достигне формата која што го красеше минатиот шампионат.

Меѓутоа еден аналитичар од Египет одлучи да објасни поради што Салах не игра добро оваа сезона. Ахмад Јоусеф важи за фудбалски експерт во земјата на „фараоните“, а тој порача дека воопшто не е изненаден што Салах е надвор од форма, па за тоа понуди три причини.

„Постојат три работи поради кои Салах не може да биде фокусиран само на теренот  и не е баш добар како минатата сезона. Тука се правата за фотографии околу кои се спори во Египет, повредата од Рамос и начинот на кој што го третираа во Фудбалската Федерација на Египет за време на Мундијалот. Сето тоа комбинирано му ја уништи мотивацијата и самодовербата. Нешто се случи ова лето и на него се гледа дека повеќе ја нема таа насмевка која го красеше минатата сезона. Се надевам дека сето тоа што побргу ќе се реши“ изјави Јоусеф.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top