Исчезнатото австралиско момче Џулијан најдено меѓу загинатите

Џулијан Кадман, 7-годишното австралиско-британско момче, кое беше пријавено за исчезнатo по нападот во Барселона загинало, потврди денес неговото семејство..

Кадман, кој беше во Барселона за да присуствува на семејна свадба, беше со неговата мајка на Лас Рамблас, кога комбето удри во толпата луѓе во четвртокот, при што загинаа 13 лица, а 120 беа повредени.

Семејството на Џулијан потврди дека тој бил една од 13-те жртви, но полицијата чекала на идентификацијата пред да ја соопшти веста.

“Џулијан беше многу сакан и обожаван член на нашето семејство”, се вели во изјавата објавена од Австралиското Министерство за надворешни работи и трговија.”Додека уживаше во знаменитости на Барселона со неговата мајка, Јулијан за жал беше одземен од нас.Тој беше толку енергичен, забавен и смел, секогаш донесувајќи насмевка на нашите лица. Благодарени сме што го имавме во нашите животи, ќе ги запаметиме неговите насмевки и ќе го држиме во сеќавање блиску до нашите срца“, соопштија од оваа австралиско Министерство.

Мајката на момчето беше повредена во нападот и однесена во болница, каде што им кажала на болничките работници пред да ја загуби свеста дека нејзиниот син бил со неа.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top