Искри на дербито: Кеси и Бакајоко го носеа дресот на Ачерби низ Сан Сиро

Милан стигна до многу важна победа во борбата за пласман во Лигата на шампионите, со голот на Кеси од белата точка..

Откако Роки го означи крајот, дојде до искри на теренот, но брзо се се смири. Веднаш потоа Кеси и Бакајоко почнаа почесен круг низ Сан Сиро со дресот на фудбалерот на Лацио, Ачерби. На многумина не им беше јасно за што станува збор, но италијанските медиуми потсетија.

Во најавата за мечот, Ачерби изјави дека Лацио е подобар од Милан на секоја позиција, а Бакајоко му остави порака дека се гледаат в сабота.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top