Исламска држава има нов лидер

Се смета за еден од главните идеолози..

Најозогласената терористичка група во светот, Исламска држава има нов лидер.

Амир Мухамед Абдул Рахман ал-Мавли ал-Салби е новиот наследник на Абу Бакр ал-Багдади, јавува Гардијан.

Ал-Салби е еден од основачите на Исламска држава и веќе водеше операции ширум светот.
Салби е именуван за нов лидер само неколку часа по убиството на Багдади. Станува збор за човек кој е роден во Ирак, а се образувал во Мосул, каде што дипломирал шеријатско право.

Се смета за еден од главните идеолози.

Пред убиството на Багдади, кое се случи во октомври минатата година, Соединетите Американски Држави понудија 5 милиони долари за убиство на Салби и уште двајца високи членови во терористичката група.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top