Исламската држава го поздрави убиството на иранскиот генерал Сулејмани

Терористичката група Исламска држава ја поздрави смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани, јави Би-Би-Си..

Во изјавата е опишана смртта на иранскиот генерал Сулејмани како божествен чин што ќе им користи на џихадистите. Сепак, тие не спомнаа дека САД го воделе нападот врз Сулејмани во Багдад на 3 јануари годинава.

Одлуката на американскиот претседател Трамп да го убие Сулејмани предизвика низа настани. Речиси веднаш потоа, американската коалиција против ИД ги прекина операциите во Ирак. САД и сојузниците најавија дека нивната главна задача сега е да се одбранат.

Од друга страна, Иран и силите што ги поддржуваат во Ирак се заколнаа на одмазда кон САД што со напад со беспилотни летала го убија Сулејмани. Ова им оди во прилог на ИД, кои со тоа ќе може побрзо да ја врати силата по уништувањето на самопрогласениот калифат.

Екстремистите исто така ќе имаат корист од одлуката на ирачкиот парламент, во која се бара повлекување на американските сили од нивната земја.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top