Исламската држава се уште не е победена - борците против терористите го демантираат Трамп, борбата уште трае

Сириските демократски сили (СДФ) кои имаат поддршјка од САД и понатаму се борат против последните терористички групи на Исламската држава.

-Тешките борби се водат токму сега околу планината Багуз за да се заврши со она што остана од Исламската држава - напиша на Твитер Мустафа Бали, шефот на канцеларијата за медиуми на СДФ, пренесува Ројтерс.

Државници навеле дека СДФ не прогласиле победа и дека за денеска не е планирано такво прогласување.

Белата куќа соопшти дека денеска Исламската држава е поразена во Сирија и дека нема веќе територии под контрола на екстремистите, а портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс потврди дека цела територија на Сирија е „100 отсто ослободена од терористи“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top