Исланд е најбезбедна земја во светот, Македонија е на 59. место

Исланд е најбезбедна земја во светот, додека Филипини се наоѓа на самото дно на листата најбезбедни земји во светот, покажа новиот извештај на „Глобал фајненс“..

По Исланд, следат Швајцарија, Финска, Португалија, Австрија, Норвешка, Катар, Сингапур, Данска и Нов Зеланд.

Македонија се наоѓа на 59. место. Од земјите во регионот, најбезбедна земја е Словенија (12. место), па Хрватска (22. место), Бугарија (42. место). Грција е на 57., а Србија е пред нас на 58. место. Зад нас е Албанија која се наоѓа на 69. место.

При истражувањето, се земаат предвид дали во земјата има воен конфликт, потоа стапката на криминалот и ризиците од природни катастрофи. Во извештајот се опфатени 128 од 193 држави во светот кои се сместени на листата на Обединетите нации.

Како што се наведува во извештајот, во Исланд стапката на криминал и насилство е мала и има мали ризици по животот на луѓето.

Како што пренесува Би-би-си во Исланд во 2009 година имало само едно убиство, иако земјата е полна со оружје.

Многумина веруваат дека ниската стапка на убиства по глава на жител во Исланд се сведува на недостаток на класен систем, што ја спречува љубомората, а исто така и малата употреба на дрога.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top