Истече рокот за отстранување на „Сонцето од Кутлеш“ од шахтите, од следнава недела ќе „фрчат“ казни

Според договорот од Преспа, од ова недела повеќе не смее да се упоребува „Сонцето од Кутлеш“.

Сите оние кои со вакво знаме ќе се појават на спортските натпревари, но и доколку овој симбол сеуште го има на грбовите на општините, спомениците или било кои други јавни површини ќе бидат казнети.

Изминатава недела тимови од Јавните претпријатија работеа „Сонце од Вергина“, да го избришат од шахтите на плоштадот Филип Втори. 

Сонцето од Вергина го има на споменици во центарот на Скопје, на шахти на водовод, на подземна електрика, на плочници во Скопје и други градови во земјава, спортски сали и игралишта, а го има и на неколку општински знамиња и грбови. 

Највпечатливо беше тоа на тепихот во кабинетот на директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кое по потпишувањето на Договорот од Преспа е отстрането.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top