Историја во ЛШ: Симеоне првпат елиминиран од тим каде што не игра Роналдо

До лани се чинеше дека Кристијано Роналдо е единствен кој може да го елиминира Атлетико Мадрид, предводен од Диего Симеоне..

Португалецот беше кошмар за мадридскиот тим и кога играше за Реал и лани, во дресот на Јувентус. Од него Атлетико два пати загуби и во финалните дуели од ЛШ, во 2014 и 2016 година иако во двата случаја беше на чекор до најголемиот успех во својата историја. 

Се случуваше Атлетико да не ја помине групната фаза, но ако стигнеше до елиминациите, можеше да победи кого било, без разлика дали станува збор за најсилната Барселона или актуелниот европски шампион Ливерпул кој на доминантен начин стана првак на Англија.

Симеоне е веќе една деценија тренер на Атлетико, но од денеска има нов џелат на својот список – тимот на Лајпциг.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top