Историски развод: По 26 години, Интер ќе добие нов спонзор!

Најдолгата соработка во европскиот фудбал е пред крај и сигурно ќе заврши на крајот од сезоната 2020/21..

По 26 години, на предната страна од дресовите на Интер повеќе нема да стои логото на познатиот производител на автомобилски гуми Пирели. Првиот договор меѓу клубот и компанијата беше потпишан далечната 1995 година, а последниот истекува идното лето, без шанси да биде продолжен. Интер од Пирели заработува по 13 милиони евра годишно, а сака да ја зголеми оваа ставка на 25 или 30 милиони.

Сопственикот на клубот, компанијата Сунинг веќе е во преговори со кинеските Евергранде и Алибаба, како и корејскиот Самсунг кој е спонзор на другиот тим во сопственост на Сунинг, Јангсу. Повеќе детали на оваа тема ќе бидат познати веројатно до крајот на оваа година.

Рекордер во Италија е Јувентус кој за логото на Џип годишно заработува по 42 милиона евра.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top