Истрага дали ФБИ го шпионирале Трамп

Американското Министерство за правда ќе почне истрага дали агенти на ФБИ ја шпионирале изборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп, во 2016 година за, како што е наведено од Министерството, несоодветни цели..

Трамп истакна на „Твитер“ дека сака да знае дали администрацијата на неговиот претходник наредила такво нешто. Потегот следи откако американските медиуми објавија дека ФБИ имало информативен состанок со помошниците на кампањата.

Американскиот заменик јавен обвинител, Род Росенстејн, соопштил дека ќе биде преземена акција доколку биде откриена каква било инфилтрација.

„Ако некој се инфилтрира или ги надгледува учесниците во претседателската кампања за несоодветни цели, ние треба да знаеме за тоа и да преземеме соодветна акција”, изјави Розенстејн.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top