Истражителите за Нотр Дам: Мислиме дека знаеме како дошло до пожарот

Француските истражители сметаат дека причина з аголемиот пожар во катедралата Нотр Дам би бил краток спој на електричните инсталации..

Француската полиција соопшти дека дефект на електричната инсталација би можел да биде најверојатната причина за пожарот. За да се објави конечниот извештај на истрагата треба полицијата и пожарникарите , кои се дел од тимот за истрага да влезат во внатрешноста на куполата , но тоа сега е неможно поради опасност од уривање на некои делови.

Некои делови од катедралата се пред уривање , па за тоа се поставуваат потпорни столбови, велат од тимовите за реставрација. Истражителите велат дека пожарот не е намерно подметнат , а во тек е распитот на вработените во катедралата , како и работниците кои работеле на реновирањето. До сега , според париското обвинителство , се испрашани 40 лица.

За пожарникарите , кои ги ризикуваа своите живот за да ја спасат катедралата Норт Дам, претседателот Емануел Макрон најави дека ќе им бидат доделени Медали на честа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top