Истрели врз американската Амбасада во Анкара, нема повредени

Врз американската Амбасада во Анкара утрово околу пет часот по локално време, било пукано од возило во движење..

Погоден е објектот за обезбедување, но никој не е повреден. Непознатиот напаѓач или напаѓачи избегале.

Инцидентот се случува во време на затегнати турско-американски односи поради американскиот пастор Ендру Бренсон, што доведе до ескалација на трговскиот и дипломатскиот спор. Турција не сака да го ослободи свештеникот кој е осомничен за шпионажа и обвиненија поврзани со тероризам.

Двете држави воведоа дополнителни царини, а САД санкционираше двајца турски министри. Во меѓувреме, турската лира изгуби над 35 отсто од вредноста спрема доларот од почетокот на годината.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top